Menu

Научен собир за Блаже Конески

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како институција која на творештвото на Блаже Конески посветува посебно внимание организира научен собир, посветен на 

70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески
„Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта

Институт за македонска литература - Скопје
25 април (среда) со почеток во 10.00 часот

Blaze 2

Институтот за македонска литература ја смета оваа прва стихозбирка на големиот поет Блаже Конески за значаен настан во македонската култура. Целта на собирот е да се дефинира значењето на оваа збирка поезија за развојот на македонската современа поезија, но и за разнообразната книжевно-научна дејност на Блаже Конески. Трудовите се однесуваат на целокупното творештво на Конески.

Трудовите од научниот собир ќе се објават во меѓународното научно списание Спектар 72/2018.

Одбележувањето на 70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) е предвидено со Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година донесена од Собранието на РМ („Сл. весник на РМ“ бр. 190/2017).

Организационен одбор:
д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), д-р Мишел Павловски (член), д-р Ана Мартиноска (член) и м-р Сарита Трајанова (секретар).

Собирот ќе се одржи на 25 април 2018 година (среда) во просториите на Институтот за македонска литература - Скопје.

Програма за собирот

Дебата посветена на младите писатели


Frosina-Parmakovska1-2 

Petar A.4

 

Dragana

По повод Светскиот ден на поезијата, Општина Центар и Институтот за македонска литература организираат дебата посветена на младите писатели:
Фросина Пармаковска, Петар Андоновски и Драгана Евтимова
Модератори: д-р Ана Мартиноска и д-р Александар Прокопиев

читалница „Славко Јаневски“, 21 март (среда), 12.00 ч.

Покана

Трибина „Критиката - актуелни аспекти“

kritika i molk LOGO2 za veb

Институтот за македонска литература и Друштвото на писателите на Македонија организираат трибина на тема „Критиката - актуелни аспекти“. Трибината ќе се одржи на 23 февруари 2018 (петок) во ДПМ со почеток во 12.00 часот. Модератори се д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Соња Стојменска-Елзесер, а со свои искажувања ќе учествуваат десетина истакнати критичари, есеисти, универзитетски професори, теоретичари и писатели.
Повод за дискусија е зборникот „Критика и молк: читање на македонската литература и култура“, објавен на крајот од 2017 година.

Покана за трибината

Останати информации...

  1. Успешно одржан V меѓународен научен собир Хрватско-македонски книжевни, јазични и културни врски
  2. Промоција на зборникот „Македонско-словачки книжевни, јазични и културни врски“
  3. Промоција на зборникот Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола
  4. Меѓународна научна конференција Критика и молк: читање на македонската литература и култура
  5. Конкурси за магистерски и докторски студии за академската 2016/17 година
  6. Институтот за македонска литература застапен на меѓународната конференција на УГД - Штип во чест на Св. Климент Охридски
  7. 110 години од раѓањето на Антон Панов
  8. Валентина Миронска-Христовска со награда „Гоце Делчев“ за особен придонес во науката
  9. Добитникот на светската награда за хуманизам во посета на Институтот за македонска литература
  10. Промоција на научни изданија 2015
  11. Книжевниот опус на Живко Чинго (по повод 80 години од раѓањето на писателот)
  12. Успешно одржан собирот Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски
  13. Втор меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски
  14. Институтот за македонска литература на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
  15. Меморандум за соработка со МАКЕДОНИКА
  16. Свечена промоција на 11 магистри
  17. КНИЖЕВНИОТ ОПУС НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
  18. МИСЛЕЊА И ЗАБЕЛЕШКИ ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИТЕ ЗА ВИСОКООБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ
  19. Промоција на Антологија на македонската книжевност
  20. Успешно одржана меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below
  21. Програма за Меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below
  22. The International Scientific Conference
  23. Чествување
  24. Успешно одржан првиот собир на македонско-словачка соработка
  25. Претстои воспоставување Договор за научна и образовна соработка со Институтот за црногорски јазик и книжевност во Подгорица, Црна Гора
  26. I меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски
  27. Програма за IV меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски
  28. Подготовки за организација на IV меѓународен научен собир
  29. Активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, 2013 година
  30. Промоција во Бигорскиот Манастир на фототипното електронско издание Четвороевангелието на поп Јован Кратовски од 1562 година од Илија Велев
  31. ОДБЕЛЕЖАН 30-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА - СКОПЈЕ
  32. Четврт меѓународен конгрес на Европската мрежа за компаративни студии - во организација на Институтот за македонска литература – Скопје
  33. 100 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски